Со потпишан договор на две сезони, уругвајскиот ветеран, Едисон Кавани стана нов член на тимот на Валенсија. Тој пристигнува како слободен играч и за него не беше платено обештетување.
Напаѓачот доаѓа од Манчестер Јунајтед каде што играше последно и каде што му истече договорот, а нов не му беше понуден. Во изборот на клубови, Кавани ја одбра Валенсија, иако имаше опција да се пресели и на блискиот исток, но и да се врати во Јужна Америка.