По само два месеци престој во Кратово: Фарук Бихорац раскина со Силекс!

2074

Фарук Бихорац, стоперот од Србија кој во овој летен преоден рок дојде во Силекс и тоа од А. Пандев, не е веќе член на кратовци. Интересно, по само два месеци престој во Кратово, Бихорац одлучи да си замине и да си побара друга средина.

Инаку Бихорац во Македонија дојде минатото лето, и тоа во редовите на А. Пандев. Беше еден од подобрите во таборот на на „пандевци“ минатата сезона и малку чудно беше што направи трансфер во Силекс.

Но, ете, во Кратово дефанзивецот од Нови Пазар не се задржа многу, издржа само два месеци и сега е во потрага по нов клуб.

ПретходноПроблем за Давид Бабунски: Дебрецин не смета на Македонецот!
СледноНеверојатно: Сегашната девојка на Мбапе претходно била машко! (ФОТО)