Поради енергетската криза: Германците планираат промена на календарот, сезоната ќе трае од март до ноември!

265

Неверојатно, но такви се најавите или плановите. Имено во Германија, во тамошните фудбалски кругови, се навестува дека би можело да дојде до тотална промена на календарот. Фудбалската сезона да почне во март и да трае до ноември, значи да има зимска пауза од речиси 3-4 месеци.

Што ќе кажат на ова спознорите, самите навивачи и фудбалски клубови, останива да се види. Но ова се планира ако продолжи светската криза со енергенсите и војната во Украина.

Имено пресметано е дека ќе се заштеди многу електрична енергија ако не се палат рефлекторите на натпреварите на Бундеслигата, не се загреваат терените среде зима како и седиштата. Едноставно ќе се оди на тотална заштеда на елекстрична енергија.

Инаку познато е дека во Германија сезоната почнува од август и трае до ноември, па потоа следува пауза а пролетната полусезона почнува во февруари и трае до мај.

ПретходноОд трансферите на Антони и Касемиро во Јунајтед еден бразилски клуб ќе добие околу 25 милиони евра!
СледноДаниел Миловановиќ е нов фудбалер на Тиквеш