Англискиот крилен напаѓач Калум Хадсон-Одои одлучи да го напушти Челзи и да ја прифати понудата на Баер Леверкузен и со тоа ќе ја продолжи кариерата во Бундес лигата. 21-годишниот фудбалер е свесен дека ако остане во Челзи нема да се изнаигра, па затоа отиде да бара минутажа во Баер Леверкузен и со тоа ќе има поголеми шанси да избори место во англиската репрезентација за СП во Катар.
Хадсон-Одои е дете на Челзи, дебитираше за првиот тим во 2017 година и до сега одигра преку 120 натпревари за „сините“ од кои 72 во Премиер лигата. Минатата сезона настапи на вкупно 28 натпревари, а оваа сезона не заигра на ниту еден меч.
Тој има и три настапи за Англија.