Шампионот во бледо издание, Сасуоло промаши пенал за победа

76

Фудбалерите на Сасуоло и Милан одиграа без голови (0:0) вечерва на отворањето на 4. коло од италијанската Серија А.

Милан одигра блед натпревар, а Сасуоло не искористи голема шанса преку пенал да дојде и до сите три бода пред своите навивачи.

Берарди доби шанса да го отвори резултатот во 23. минута, но неговиот удар од белата точка го одбрани голманот Мањан и резултатот остана непроменет.

Милан имаше неколку шанси до крајот, но без ефект.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноВалтер пред СЕХА Ф4 турнирот: Треба да одиме таму и да играме слободно, тоа е нашата шанса
СледноЃорговски: Веспрем е великан, ќе дадеме максимум