Арсенал реди победи, Халанд со хет-трик во новата победа на шампионот (ВИДЕО)

175

Манчестер Сити го „торпедираше“ Нотингем Форест со 6:0 во натпреварот од петтото коло на Премиерлигата, а уште еднаш во фокусот на „граѓаните“ беше неверојатниот Ерлинг Халанд. Норвежанецот со хет-трик го заврши првото полувреме и најави уште една висока победа на Сити. Два гола за Сити постигна Алварез, а еден беше дело на Кансело.

Извонреден почеток на сезоната има и Арсенал кој вечерва со 2:1 ја совлада Астон Вила и ја запиша петтата последователна победа од печетокот на сезоната, што е еден од најдобрите стартови на „топчиите“ во последните неколку децении.

Арсенал поведе во 30. минута од натпреварот кога Габриел Жесус постигна уште еден гол за ерупција од воодушевување на Емирати. Астон Вила во 74. минута успеа да израмни на 1:1, а стрелец беше Даглас Луиз, кој во игра влезе само 30 секунди порано. Сепак, славењето на гостите траеше само две минути бидејќи Арсенал со голот на Мартинели се врати во водство од 2:1  за победа.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноБелградското „вечно дерби“ повторно без победник (ВИДЕО)
СледноПрвенецот на Елмас доволен за реми, Јуве по две ремија, конечно, победи (ВИДЕО)