Младата женска селекција на Македонија до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Романија на домашен терен.
Првиот контролен дуел го играме на 3. септември во 16.30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”. Два дена подоцна истите селекции ќе го одиграат вториот контролен меч на стадионот во Ѓорче Петров во 16.30 часот.
За контролните средби против Романија, селекторката Катерина Милеска се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Мартина Сиљаноска (Атлетико), Миа Петровска (Џи Џи), Ведрана Комненова (Скопје)
Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов), Ива Јовановска (Љуботен), Росана Китановска (Љуботен), Кристина Крстева (Скопје), Елена Љондевска (Деспина);
Среден ред: Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Тиверија), Мурвет Вардар (Тиверија), Ангела Димчова (Тиверија), Рона Рустеми (Шкендија), Диелза Ибраими (Ас Јунајтед), Евгениа Дамева (Трелеборгс, Шведска),
Напад: Ана Боризовска (Деспина), Анастасиа Илиевска (Деспина), Јована Павловска (Деспина), Емили Митковска (Речица), Кристина Василева (Тиверија), Мелиса Димитриоска (Атлетико);