Завршија сите пет средби од 5.коло во ПМФЛ. Во дербито, Струга ТЛ по голема борба го совлада Силекс со 2:1. Убаво, интересно и квалитетно дерби, и заслужена победа на стружани кои сега имаат пет од пет и 15 максимални бодови.
Ибраими и Шабани беа стрелци, додека Ристовски израмни на тие 1:1.
Каква катастрофа за Шкупи. Шампионот дома одигра само 1:1 против една победа. И дефинитивно тимот на Седлоски е во криза. Реналдо поведе во 81.минута а Галевски три минути подоцна со прекрасен гол ги постави конечните 1:1.
Македонија ЃП и Работнички одиграа 1:1 во скопската пресметка, додека А. Пандев со убедливи 3:0 славеше над Скопје.
Шкендија во Кавадарци губеше со 1:0, но затоа на крајот победи со 1:3. Убедлива победа на фаворитот.
Хасани, Дита и Дориев за гостите а Спахиу кај домашните беа стрелците на овој меч.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 5.КОЛО
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2:1
(Ибраими (п) 30., Шабани 82./Ристовски 72.)
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 1:3
(Спахиу 20./Хасани 23., Дита 42., Дориев 58.)
А.ПАНДЕВ – СКОПЈЕ 3:0
(Митровски 12., Цикарски 80./Трајков 88.))
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1:1
(Ѓурѓевиќ 63./Мишевски (авт) 49.)
ШКУПИ – ПОБЕДА 1:1
(Реналдо 81., /Галевски 84.)
БРЕГАЛНИЦА (СЛОБОДНА)