Очигледно дека дојде крајот на „љубовта“ помеѓу екипата на Шкупи и најдобриот играл, напаѓачот Сандеј Адетунџи. Најдобриот стрелец во лигата бара да си замине од клубот, односно да го направи толку очекуваниот и посакуван за него трансфер. Тоа секако дека е во најава веќе подолг период со оглед на формата на Сандеј, а и понудите секако дека пристигнуваа.
Па така, откако Сандеј пропушти еден дуел од ПМФЛ шампионатот, оној против Скопје на Атокоманда, Спортмедиа дознава дека тој нема да биде во составот ниту денеска против Победа на домашен терен со што и официјално си бара да биде продаден.