Габиадини ја спаси Сампдорија, Удинезе слави против Фиорентина (ВИДЕО)

85

Со голот на Маноло Габиадини во 91. минута екипата на Сампдорија се спаси од пораз на домашен терен на средбата со Лацио во рамките на 4. коло од италијанската Серија А. Во најинтересниот попладневен дуел денеска, Лацио преку Чиро Имобиле успеа да дојде во водство во првото полувреме и да ја одржи предноста до самата завршница, но Габиадини се погрижи за голема радост на трибините со голот во судиското продолжение.

Удинезе славеше на домашен терен против Фиорентина со 1:0 и со тоа ја прокнижа втората сезонска победа. Бето беше стрелец на единствениот гол за домашните во чии редови денеска не се појави Несторовски, кој мечот го гледаше од клупата за резерви.

Во последниот дуел во терминот од 18.30 часот, Емполи и Верона одиграа 1:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноБалотели заминува од Адана и ќе игра за клуб од Швајцарија!
СледноШкупи потврди: Прифатена е оставката на Седлоски