Грчкиот Алмопос се пофали со Стефан Јакимовски!

536

Од денеска Стефан Јакимовски (22) и официјално е член на Алмопос Аридаис, тим кој настапува во Втората лига во Грција. Раководството на грчкиот клуб и официјално го претстави голманот на своите социјални мрежи и клупскиот сајт и најави дека Македонецот ќе биде големо засилување за тимот.

Инаку Јакимовски досега во својата кариера настапувал за екипите на Борец, Кадино, Локомотива, Еуромилк, а бил член и на младинските екипи на А. Пандев и Вардар.

May be an image of 1 person and text

ПретходноМилош Николиќ е замената за Бихорац во Силекс, најавени се уште две екстра засилувања!
СледноСтевковски: Македонија ЃП ќе го даде својот максимум за да го победи Работнички!