Едис Малиќи најверојатно ќе го засили моменталниот лидер во ПМФЛ шампионатот, тимот на Струга Трим Лум, дознава „Спортмедиа“. Досегашниот играч на тимот на Динамо од Тирана се враќа во домашниот шампионат, и најверојатно ќе му пристапи на тимот кој покажува сериозни амбиции, а очигледно и квалитет за да дојде до шампионската титула оваа сезона. Секако дека со Малиќи тимот на Струга ТЛ ќе има уште подобар тим.
Се работи за искусен интернационалец кому природна позиција му е десната бековска, но не ретко знаел да одговори и на други места во тимот.
Играше уште и за екипите на Работнички, Македонија ЃП, Шкупи, Кукс во Албанија Локомотива Загреб…