Еурофарм Пелистер летна кон Задар каде што ќе брка историја во СЕХА

103

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе настапат на својот прв историски „фајнал-фор“ турнир во СЕХА лигата. По триумфот над Мешков Брест по изведување на пенали, пелистерци си обезбедија полуфинале и натпревар против Веспрем.

Завршниот СЕХА-турнир ќе се одржи во Задар, а ракометарите на битолскиот тим попладнево летнаа кон Хрватска. Откако ќе пристигнат играчите ќе добијат слободно попладне, бидејќи задолженијата стартуваат утре.

Мечот со Веспрем во играат во петок, а во недела се финалето и мечот за третото место.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Милан продаден за 1,2 милијарди евра
СледноОбамејанг ќе паузира – крадците му ја скршиле вилицата