Милан добива уште еден Белгиец: Вранкс стигна на прегледи, вечерва и потпис

128

Милан летово го доведе Шарл Де Кетеларе од Клуб Бриж, а 21-годишниот офанзивен играч за врска остави добар впечаток на првите настапи на „Сан Сиро“.

Италијанскиот гигант сега е на чекор да потпише и со две години помладиот сонародник на Де Кетеларе, Астер Вранкс од Волфсбург.

Според информациите кои стигнуваат вечерва, Вранкс пристигнал во Милано и наскоро ќе ги мине лекарските прегледи.

Милан ќе му плати 2 милиони евра на Волфсбург за 1-годишна позајмица, а во договорот ќе има и откупна клаузула во вредност од дополнителни 12 милиони евра.

ПретходноДоби шанса да биде стартер и веднаш погоди: Елмас го носи Наполи до водство (ВИДЕО)
СледноМладите одбојкарки убедливо поразени и од Италија