Младата одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 19 години го претрпе и четвртиот пораз на Европското првенство во Скопје. По ден пауза по натпреварите во првите три кола, вечерва избраничките на селекторот Пауновиќ со максимални 3:0 загубија и од селекцијата на Италија (25:13, 25:7, 25:14).
Македонија останува само да го одигра последниот меч во групата утре против Полска, а потоа да го чека разигрувањето за пласман.