Очајно, срамно издание на Шкупи: Зарем вака треба да игра шампионот!?

1905

Ако за минатиот меч пишавме бледо, тенко издание на Шкупи, тогаш што да се каже по денешните 1:1 против една Победа и тоа на Чаир.

Срамно, катастрофално издание на шампионот на Македонија. Зарем вака треба да игра шампионот?

Зарем не може на свој терен да слави победа против една Победа, против тимот кој досега сите си поигруваа и си ја “билдаа“ гол разликата.

Нема веќе дилеми, овој Шкупи не оној од пред неколку месеци. Овој Шкупи не е ни сенка на оној Шкупи кој “дрмаше“ со мак – фудбалот пред неколку месеци.

Ова е очајно издание на Шкупи, можеби е време е да се преземат некои чекори додека не биде доцна, вака повеќе не смее да оди, вака повеќе не смее Шкупи да се однесува.

Некој ќе рече па Шкупи имаше водство, имаше и шанси, но кој ли тоа памети.

Шкупи попладнево на Чаир одигра само 1:1 против една Победа, која го освои својот прв бод сезонава замислете,и точка.

Овој Шкупи е за НИКАДЕ…

ПретходноПМФЛ: Пет од пет за Струга ТЛ, катастрофа за Шкупи, убедливи Шкендија и А.Пандев (ВИДЕО)
СледноСедлоски си поднел оставка!