Пред точно 20 години се распадна еден од најдобрите тимови во светот!

19665
1999–2000 Società Sportiva Lazio

Пред 20-25 години Серија А беше како НБА за сите останати лиги во светот. Милан, Интер, Јуве, Лацио, Рома, Фиорентина, Верона,Наполи, Парма беа екстра силни и квалитетни состави. Најдобрите играчи во светот тогаш играа во Серија А. Сепак еден тим со својот екстра квалитет и имиња, па и пари се одвојуваше од сите. А тоа беше Лацио и неговиот претседател Серџо Крањоти. “Цирио“ како спонзор беше главен а се правеа трансфери од кои боли глава.

Во тој период од 1998 до 2002 играа во Лацио и Маркеџани, Недвед, Манчини, Салас, Креспо, Неста, Михајловиќ, Верон, Мендиета, Симеоне, Бокшиќ, Алмеида, Консеисао и уште многу, многу мега ѕвезди.

И тогаш во тој август пред 20 години акциите на „Цирио“ паднаа, Крањоти снема пари а во тој последен ден од преодниот рок беа направена два спектакуларни трансфери. Неста замина во Милано и Креспо во Интер.

Тимот кој што својот врв го достигна во 2000 со титулата во Серија А, никогаш повеќе не се врати во вистнска смисла.

Секој оној барем налку што се разбира во фудбал, без разлика дали е фан на Јуве, Интер или Милан, знае добро дека пред 20 години Лацио беше НАЈ, НАЈ, НАЈ…

ПретходноБилетите за Суперкупот ќе чинат по 200 денари!
СледноЖенската У-17 селекција на Македонија ќе има “тестови“ со Романија!