Емил Рајковиќ имаше успешно деби на клупата на ЦСКА Москва. Македонскиот тренер вчера во првиот меч како стратег на рускиот гигант успеа да дојде победа и тоа против составот на Уралмаш. Инаку ова беше прв натпревар за „армејците“ во текот на подготовките за новата сезона.
Тимот на Рајковиќ победи со 90:82, следуваат и останатите во пресрет на сезоната 2022/23.
Секако дека пред нашиот стратег претстои голем предизвик, ЦСКА Москва е кошаркарски гигант во европски рамки.