Денеска од 16 часот, во рамките на 5.коло, во Ѓорче градска пресметка и тоа меѓу Македонија ЃП и Работнички. Лути ривали веќе години наназад. Можеби „лавовите“ се фаворити на хартија но тимот од Градски парк на последниот меч со Тиквеш покажа дека полека но сигурно излегува од кризата.
Голманот на домашните Христијан Стевковски во пресрет на денешниот меч изјавува:
„Работнички отсекогаш важел за една од подобрите екипи во ПМФЛ. Тоа е и во моментов. Ние сме подготвени да се надигруваме со секого, па и со Работнички. Очекувам интересен натпревар и очекувам Македонија ЃП да го даде својот максимум со цел да дојде до трите бода“ вели Стевковски.