Тешко на Шкупи ако Ајдин Олгун остане на „Чаир“

10329

Гоце Седлоски замина во историјата на Шкупи како последица на лошите резултати, игри и останати игри во клубот од „Чаир“, кој паралелно со историските резултати се бори и со останати битки, кои ескалираат кога требаше да се слават подвизи, победи, успеси и влез во групната фаза од Лигата на Европа или Конференциската лига…

Седлоски заминува, но дали со тоа ќе се изгаси пожарот во шампионскиот табор? Гори на „Чаир“ иако пламен не се гледа. Газдата Ајдин Олгун е во Истанбул. Зошто не доаѓа, каде е тука на Чаир и во Скопје да слави титули, успеси, победи, но и да менаџира со неуспесите, лошите трансфери, срамните порази… Каде си Ајдин Олгун, зошто не си тука да го менаџираш од лице место твојот голем фудбалски проект!?

Со неговото недоаѓање од речиси цела година, се повистинити стануваат шпекулациите дека турскиот спонзор има проблем со законот. Немал патна исправа, имал случај во Турција – можеби ист како оној од минатото со матни игри во фудбалот… или можеби не?

Ајдин Олгун пред некој ден кажа дека ја претставувал Македонија со Шкупи, а дека државата не му помагала. Сите го пренесоа неговиот став, но дојде и реакција од Босна и Херцеговина. Човекот кој го уништи Челик од Зеница сега е во Македонија и дава совети како да се работи во фудбалот.

Ајдин Олгун… далеку си ти од чесен и чист фудбалски работник. Тешки се деновите на Шкупи ако треба од тебе да се очекуваат планови и проекти за нешто поголемо. Тебе те немаше, а Шкупи стана првак токму кога ти беше далеку од тука, па така оние кои менаџираа од Скопје имаа чист простор и ја завршија мисијата.

Сега Ајдин Олгун си најде „даљинско“, се врза со тренерот и веднаш настана хаос. Хаос кој кулминираше со денешна бомба – 1:1 со многу слабата Победа! Случајно ли беше сето ова…!?

Можеби на „Чаир“ е време да се направи скенер, да се најде вирусот и да се отстрани. Еднот замина, но другиот е во Истанбул… Без реакција ќе нема акција!

Тоа што државата не прави и не врши проверки за потеклото на странските пари во нашиот фудбал тоа е посебен и поголем проблем!

ПретходноШкупи потврди: Прифатена е оставката на Седлоски
СледноДоби шанса да биде стартер и веднаш погоди: Елмас го носи Наполи до водство (ВИДЕО)