Шкупи потврди: Прифатена е оставката на Седлоски

694

Она што го најавивме денеска по завршувањето на мечевите од 5. коло во домашното првенство доби потврда. Од вечерва, Гоце Седлоски не е повеќе шеф на стручниот штаб на екипата на Шкупи.

По ремито со Победа (1:1), Седлоски си поднел оставка на позицијата. Со оглед на случувањата во последно време, ова негово заминување не е изненадување.

„ФК Шкупи објавува дека е прифатена оставката од главниот тренер Гоце Седлоски. Нашиот клуб му благодари за придонесот што после 21 година успеавме да бидеме шампиони, и му посакуваме среќа во следните предизвици“, се вели во сопопштението од чаирскиот првак.

ПретходноГабиадини ја спаси Сампдорија, Удинезе слави против Фиорентина (ВИДЕО)
СледноТешко на Шкупи ако Ајдин Олгун остане на „Чаир“