Јусуфи: Нема да биде лесно со Силекс, но Струга ТЛ сака и петта победа во серија!

163

Струга ТЛ едноставно си гази во ПМФЛ. Во изминатите четири кола четата на стратегот Срѓан Захариевски има исто толку победи, па така со 12 бода е лидер на табелата.

Попладне на свој терен, во меч од 5.коло во ПМФЛ, Струга ТЛ ќе го дочека Силекс. За тоа што може да се очекува од овој натпревар, свој коментар има Фатјон Јусуфи, еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ:

Секако дека по тие четири победи атмосферата во екипата е одлична, посебно по триумфот во неделата против Шкендија. Го респектираме Силекс, знаеме дека нема воопшто да биде лесно, но Струга ТЛ сака и петта победа во серија. Очекувам тежок и борбен натпревар, секако и наш триумф“ посочи Јусуфи.

ПретходноСтевковски: Македонија ЃП ќе го даде својот максимум за да го победи Работнички!
СледноРајковиќ и ЦСКА со победа на првиот подготвителен меч!