Њукасл не издржа: Карваљо во 97. минута го „еруптираше“ „Енфилд“ (ВИДЕО)

285

Со гол практично во последната секунда, Ливерпул успеа да го совлада Љукасл со 2:1 во последниот денешен меч во Премиер лигата. Иако се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, во последниот напад по една мешаница пред гостинскиот гол, Карваљо со еден прекрасен удар под пречката на Поуп му донесе триумф на вицешампионот.

Њукасл мудро го почна натпреварот и му остави на Ливерпул да диктира темпо. Гостите чекаа своја шанса на контранапади и првата таква ја претворија во водство. Новото напаѓачко засилување за „страчките“, Исак, во својот прв меч во црно-белиот дрес успеа да погоди и да ги донесе гостите во водство на „Енфилд“ од 1:0 во 38. минута.

Ливерпул јалово притискаше се до 61. минута, кога конечно Фирмино успеа да најде процеп во гранитната одбрана на гостите и да го совлада и денеска одличниот гостински голман Поуп за 1:1.

Во финишот по големиот притисок Карваљо успеа на „црвените“ да им ја донесе втората победа сезонава.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПрвенецот на Елмас доволен за реми, Јуве по две ремија, конечно, победи (ВИДЕО)
СледноПешиќ избра 12 кошаркари за Евробаскетот 2022