Некогашната голема фудбалска надеж на Хрватска, и најскап фудбалер своевремено кој бил продаден од Динамо Загреб, Марко Пјаца оди на шеста позајмица во својата кариера. Поточно, неговиот сеуште матичен клуб Јувентус, и летово нема намера да го задржи во своите редови, па го испраќа повторно во нов клуб.
Се работи за Емполи, кој неочекувано на крајот од преодниот рок добива екстра фудбалер за свои стандарди.
Пјаца пак од друга страна веќе има 26. години и никогаш не ги исполни големите очекувања за него. Во тоа секако влијаеа и двете тешки повреди на лигаментите на колената, па затоа и тој никогаш реално не заигра на највисоко можно ниво.