Никогаш заборавениот Марко Божиновски, добива и свој меморијален фестивал. Во спортскиот центар кој го носи неговото име, а кој секако се наоѓа во скопската населба Ново Лисиче на 1 септември во 20:00 часот ќе се одржи меморијален концерт на кој ќе настапат групи и изведувачи од нашата земја.
Организаторот порачува дека ова ќе биде уште една можност во чест на прерано починатиот млад ракометар преку броеви за донации да се соберат сретства, кои ќе бидат искористени за хуманитарни цели.
Влезот на фестивалот е бесплатен.