Милош Николиќ е замената за Бихорац во Силекс, најавени се уште две екстра засилувања!

572

И дефинитивно Фарук Бихорац не е веќе фудбалер на Силекс, но кратовци брзо реагираа и веднаш го ангажираа Србинот Милош Николиќ (33). Искусен стопер кој досега играл во неколку познати клубови од Србија, а има и интернационална кариера во екипите на Спартак Трнава, Прибрам, Урарту.

Секако дека ова е квалитетно решение во одбраната на Силекс.

Инаку од Силекс за заминувањето на Бихорац велат:

Да, Бихорац не е веќе во нашиот клуб. Тој поради семејни причини побара раскин на договорот со Силекс и ние како клуб кој почитува и респектира играчите секако дека му излеговме во пресрет и го раскинавме договорот на обострано задоволство што се вели. На секој човек семејството треба да му биде пред се и над се“ велат кратовци.

Исто така од Силекс најавуваат дека, покрај Николиќ, во следните два дена клубот ќе ангажира уште две екстра засилувања. Нема што, Силекс посакува да биде уште поквалитетен.

ПретходноСандеј бара трансфер, не игра денеска против Победа
СледноГрчкиот Алмопос се пофали со Стефан Јакимовски!