Пешиќ избра 12 кошаркари за Евробаскетот 2022

403

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ го објави списокот на играчи кои ќе настапат на Евробаскетот. Србија е сместена во групата Д, која ќе се игра во Прага од 1 до 8 септември, а потоа патува во Берлин доколку се пласираат во втората фаза.

Светислав Пешиќ одлучи на Евробаскетот да одат следните 12 играчи: Василије Мициќ, Огњен Јарамаз, Немања Недовиќ, Вања Маринковиќ, Марко Гудуриќ, Никола Калиниќ, Владимир Лучиќ, Дејан Давидовац, Марко Јагодиќ-Куриџа, Никола Милутинов и Душан Ристиќ.

Немања Бјелица го нема на списокот, а како што е наведено на сајтот на КСС, причината е недоволното опоравување по повредата.

ПретходноЊукасл не издржа: Карваљо во 97. минута го „еруптираше“ „Енфилд“ (ВИДЕО)
СледноЈанузај го замени Окампос во Севиља