Завршија првите полувремиња од петте мечеви во 5.коло во ПМФЛ. Во дербито во Струга, домашниот состав на Струга ТЛ има водство од 1:0 против Силекс откако Бесарт Ибраими од пенал во 30.минута стрелаше прецизно. Гостите можеа да израмнат во 39.минута, но голманот Ќосевски со фантастична парада спаси гол.
Интересно е во Кавадарци. Тиквеш со голот на Спахиу поведе со 1:0 против Шкендија, сепак тетовци со головите на Хасани и Дита на пауза заминаа со водство од 1:2.
А. Пандев води против Скопје и тоа со голот на Митровски во 12.минута.Во Скопје, на двата меча каде играат Шкупи со Победа и Македонија ЃП со Работнички нема голови.