Синоќа во Полска и Словенија се одиграа последните натпревари од групната фаза на Светското првенство во одбојка, по што веќе се познати сите двојки за осминафиналето.
Борбата меѓу репрезентациите кои успеаја да изборат пласман во нокаут фазата како третопласирани беше крајно драматична, бидејќи трите репрезентации имаа ист број на поени и ист сет-количник, па на крајот одлучи поен-количникот. Аргентина и Куба имаа одлично конто, но меѓу трите селекции со сет коефициент 0.500 мораше да испадне една. На крајот тоа беше Канада со количник од 0,892, а во осминафиналето се пласираа Германија (0,963) и Тунис (0,900).
Осминафиналните натпревари се закажани од 3 до 6 септември, а ќе се играат во Љубљана и Гливице.
ОСМИНАФИНАЛЕ:
ЉУБЉАНА:
Словенија – Германија (3 септември)
Холандија – Украина (3 септември)
Италија – Куба (5 септември)
Франција – Јапонија (5 септември)
ГЛИВИЦЕ:
Полска – Тунис (4 септември)
САД – Турција (4 септември)
Србија – Аргентина (6 септември)
Бразил – Иран (6 септември)