Филип Кузмановски го пропушти првиот меч од новата сезона во Бундес-лигата. Македонскиот репрезентативец беше поштеден за дуелот со Лајпциг, кој неговиот тим го доби со 25-22.
Кузмановски и уште неколку играчи пред стартот на сезоната беа позитивни на коронавирус, па најверојатно тренерот на Хановер, Прокоп, не сакаше да ги форсира за оваа средба.
Хановер одигра добро во првото полувреме, го доби со 15-10, гостите беа подобри во вториот дел, но немаа сили за пресврт.