Лука и компанија го добија супер-дербито со Литванците!

117

Словенија, актуелниот бранител на титулата европски првак, со победа го стартуваше ЕВРО 2022. Попладнево во “Ланксе Арената“ во Келн, Словенија со 92:85 успеа да го победи силниот состав на Литванија.

Се играше израмнето во поголемиот дел од мечот, на моменти Словенија имаше предност која ја одржуваше, но во последната четвртина Литванија се врати, но сепак во самиот финиш на мечот Лука Дончиќ и компанија знаеја како треба и умешно и шампионски успеа да слави победа и да дојде до првите бодови во групата Б која се игра како што веќе рековме во Келн.

Ова беше големо дерби на задоволство на фановите, Словенија ја покажа својата сила, сепак и Литванија и покрај поразот покажа дека ќе игра видна улога на ова ЕВРО.

Прв поентер кај победниците беше Тоби со 24 поени, Дончиќ постигна “само“ 14, Драгиќ пак реализираше 19 поени.

Кај Литванците најдобар беше Кузминскас со 19 поени.

ПретходноДрама во Истанбул: Вооружен напад врз Фудбалската федерација на Турција!!!
СледноРоналдо чека повик од Мадрид, Дубравка во Јунајтед, Вилијан и Курзава во Фулам, Геј во Евертон…