Македонските одбојкарки загубија од Полска со 3:0 (25:8, 25:8, 25:18) за крај на настапот на Европското првенство во Скопје. Противничките беа пресилни, а „црвено-жолтите“ вистински го одиграа само третиот сет, што се гледа и од резултатот.
Вечерва најефикасна беше Добрина Хаџи Тосева со 11 поени, по 3 освоија Ана Јаничиќ и Марија Пакетова, а по 2 Мила Долдурова, Анастасија Овнарска и Ива Стојкоска.
Полуфиналните двојки се Србија-Полска и Италија-Холандија, а битката за медалите ќе биде со арената „Борис Трајковски“ викендов. Во „Јане Сандански“, во трката за пласман од петтото до осмото место во конечното рангирање, Словенија ќе игра со Хрватска, а Турција со Финска.