Во последниот ден од преодниот рок клубовите наголемо се засилуваат.Па така ПСЖ и официјално го промовираше Шпанецот Карлос Солер,кој потпиша договор до 2027 година со “светците“. Секако дека од некогашниот играч за врска на Валенсија се очекува многу во ПСЖ.
Милан пак се пофали со Сержињо Дест. Тој доаѓа од Барселона, и во Милан ќе игра како позајмен играч со можност договорот да се откупи. Претходно Дест играше и за Ајакс.