Охриѓанецот Осман и Турција со победа против Црна Гора!

106

Турција предводена од Охриѓанецот Чеди Осман со победа го стартуваше ЕВРО 2022 во групата А во Тбилиси (Грузија). Конечниот резултат меѓу Турција и Црна Гора на семафорот во Арената во Тбилиси беше 72:68.

Интересен меч, драматичен меч, полн со пресврти. Црногорците почнаа подобром, го добија првиот период од мечот со 18:14, сепак Турците вратија во втората со 27:13. Црна Гора не се предаде, повторно се закани во третата за да на крајот сепак Турција успеа да победи со 72:68 и со тоа да освои првите бодови во групата во која се уште и Шпанија, Бугарија, Белгија и домаќинот Грузија.

Чеди Осман на овој меч постигна 15 поени, Ларкин имаше три повеќе кај Турција, исто како и Дубљевиќ кај репрезентацијата на Црна Гора.

ПретходноПобеда на Македонија: Андонова и Рочи ги “средија“ Летонките! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 5.КОЛО: Галевски го “смрзна“ Чаир