Македонија – Летонија 3:2 е епилогот од мечот на женските селекции во меч од 9.коло во квалификациите за СП.
Натпреварот се одигра попладнево на ФФМ во Скопје. Ова е втората победа на нашата репрезентација во групата Д. Три бода кои се добредојдени да го избегнеме последното место.
Инаку стрелци на головите за Македонија беа најдобрите, Андонова два и Рочи.
Во 13.и 17. минута Андонова стрелаше за 2:1 со оглед на тоа дека гостинките рано поведоа со 0:1.
Рочи во 72.минутав стрелаше за 3:1, но Шевцова во 79.минута ги постави конечните 3:2.
Инаку нашата репрезентација овој натпревар го започна со следните единаесет фудбалерки: Панчурова, Ѓорѓиеска, Николовска, Милчевска, Јошевска, Шемсовиќ, Максути, Андонова, Андреевска,Живиќ, Рочи. Подоцна во игра влегоа и Мустафа, Нацевска.