Трета победа во серија за Манчестер Јунајтед во Премиерлигата. Вечерва на гости кај Лестер, момците на Ерик Тен Хаг успеаја со 0:1 да слават победа и да освоја нови три бода. Стрелец на голот беше Санчо во 23.минута по асистенцијата на Рашфорд. Иако Јнунајтед одново не блескаше,сепак успеа да победи и тоа сигурно, едноставно на Лестер не му даде ни теоретска шанса нешто да стори.
Роналдо и Касемиро одново мечот го започнаа на клупата и одново влегоа во вториот дел.Треба да се издвои потегот на Ронадло во финишот на мечот кога изведе атракција, но неговиот шут со ножички сепак не заврши во мрежата на Лестер.
Јунајдет одигра умешно, како што треба за да се победи на еден ваков начин. Сепак Лестер во последните секунди од средбата можеше да израмни,имаше голема шанс,но за среќа за гостите не успеа во тоа.