Аталанта со нови три бода, Салернитана со бод кај Болоња! (ВИДЕО)

67

 

Вечерва се затвори 4.коло во Серија А, и тоа со мечевите Аталанта –Торино и Болоња- Сампдорија. Во Бергамо домашниот состав со 3:1 славеше нови три бода против Торино, па така сега се наоѓа на делба на првото место со Рома, и двете екипи имаат по 10 бодови.

Копмеинерс во 45+3.минута и во 47.минута стрелаше двапати во мрежата на гостите,кои пак во 77.минута преку Влашиќ успеаја да намалат на 2:1.Но тоа не беше се од Копмеинерс,кој во 84.минута од пенал стрелаше за 3:1.

На другиот меч Болоња како домаќин одигра 1:1 против Салернитана, значи Болоња никако да победи сезонава.Арнаутовиќ во 52.минута од пенал погоди за водство на домашните, но Диа во 88.минута со гол му донесе бод на тимот од Салерно.

ПретходноОдбојкарките со пораз од Полска го завршија Европското првенство
СледноЈунајтед во победничка серија, го “прескокна“ и Лестер! (ВИДЕО)