Гокхан Бозкаја е В.Д. тренер на Шкупи!

2502

Откако Шкупи остана без стратег по оставката на Гоце Седлоски во текот на вчерашниот ден, раководството на шампионот веднаш реагираше и го назначи Гокхан Бозкаја како В.Д.тренер на чаирачни. Тој веќе почна со работа, го одработи утринскиот тренинг со тимот и ќе го води Шкупи во недела на мечот со Брегалница во Штип, натпревар од 6.коло и многу важен за Шкупи.

Инаку колку за потсетување, Турчинот и во минатото се споменуваше како тренер на Шкупи, и тоа во јуни. Тоа беа најавите од медиумите во Турција.Исто така да кажеме дека Гокхан Бозкаја има работено во Фенербахче и тоа лани во младинските екипи на гигантот од Истанбул.

ПретходноСупер-дерби на стартот на Евробаскетот 2022: Словенија – Литванија
СледноНОВО ИГРАЛИШТЕ ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД 3,284,819,00 ГО РЕКОНСТРУИРАШЕ РАКОМЕТНОТО ИГРАЛИШТЕ НА ОУ КОЛЕ КАНИНСКИ ВО БИТОЛА