Денеска мора да одлучи: Пјаниќ доби понуда да се пресели во Саудиска Арабија

212

Според информациите на италијанските новинари, Барселона добила понуда за Миралем Пјаниќ од Саудиска Арабија. Во последниот ден од преодниот рок, Каталонците се обидуваат да продадат уште неколку фудбалери од пребројниот состав на Чави за да ослободат средства за плати, а Босанецот е еден од оние кои не му се потребни на Чави во новата сезона.

Според новинарот Николо Шира, за Пјаниќ понудата која стигнала во канцеларијата на Каталонците е од екипата на Ал Наср, каде како тренер работи Руди Гарсија. Тојинсистирал кај раководството да се обидат да ја убедат Барселона да им го продаде.

Ал Наср на фудбалерот од Босна и Херцеговина му понудил тригодишен договор, но сега останува да се почека одговорот од канцелариите на „Камп Ноу“.

ПретходноМаневски од Шкендија во Силекс на позајмица
СледноСудии за ПМФЛ: Грујоски на “центарот“ во Струмица, Качевски во Штип