Вистинска драма денеска се случувала во Истанбул. Имено додека траел состанокот на челниците на Фудбалската федерација на Турција, барем, така известуваат медиумите во таа земја, група вооружени лица пукале кон зградата каде се наоѓа Фудбалската федерација на таа земја. Биле испукани најмалку седум куршуми, но за среќа не бил повреден никој.Голема среќа имал Хамит Алтинтоп, кој за малку ќе бил погоден.
За деталите и за причините за овој напад допрва ќе се дознае.