Елиф со гол го прослави стотиот меч за Наполи

218

Синоќа нашиот интернационалец и репрезентативец Елиф Елмас го одигра стотиот меч за својот тим Наполи. Згора на тоа го „зачини“ овој јубилеј со гол кој донесе бод на дуелот со Лече.

Со тоа Елиф прераснува во играч кој дефинитивно остава трага во еден од најлегендарните италијански, а воедно и европски клубови, чиј дрес го носеа голем број на великани на чело со сега веќе покојниот Диего Армандо Марадона.

Елиф пристигна во Наполи во 2019 година, а претходно секако играше за Фенербахче и матичниот Работнички.

ПретходноНОВО ИГРАЛИШТЕ ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД 3,284,819,00 ГО РЕКОНСТРУИРАШЕ РАКОМЕТНОТО ИГРАЛИШТЕ НА ОУ КОЛЕ КАНИНСКИ ВО БИТОЛА
СледноМаневски од Шкендија во Силекс на позајмица