Ракометарите на Е. Пелистер веќе се во Задар каде денеска ќе ги имаат завршните подготовки пред стартот на Ф4 турнирот од СЕХА лигата.
Битолчани се една од четирите екипи кои успеаја да дојдат до завршниот турнир и да ја продолжат традицијата на настап на македонските состави во завршницата на ова регионално натпреварување.
Е. Пелистер утре во полуфиналето ги чека можеби и првиот фаворит за трофејот оваа сезона, унгарски Телеком Веспрем. Унгарците имаа релативно нов состав, но полека се воигруваат и во Задар доаѓаат со амбиции да ја освојат СЕХА лигата.