КОМЕНТАР НА 5.КОЛО: Заврши ерата на Седло на Чаир!

1006

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Како брзо се менуваат работите во фудбалот. После оние 2:2 на Максимир во 2.квалификациско коло во ЛШ, Гоце Седлоски беше херојот на Шкупи, на Чаир. Седло беше херој на Чаир и по освојувањето на титулата во минатата сезона.

Но неговиот крај ќе се памети по онаа бламажа со Победа, и тоа вчера, и тоа против тимот кој дотогаш служеше за билдање на гол разликата.

По само 24 часа секако дека е рано, многу рано трезвено да се анализираат тие 16 месеци на Седло на клупата на Шкупи. Тој вчера си поднесе оставка, а денеска играчите ги тренираше Гокхан Бозкаја, кој ќе биде В.Д. Стратег. До кога? Е, тоа не се знае.

Велиме рано е да се анализира работата на Седло, но исто така факт е дека тој по цели две децении во Чаир ја донесе титулата.

Сепак исто така факт е дека тој доживеа со Шкупи невидена бламажа ова лето во Европа. На шест средби со Линколн, Шамрок и Балкани, само една победа и пет убедливи порази.

Тука не го сметаме, нели, Динамо.

Затоа Седло мораше да си оди. Веќе работата со него на клупата во Шкупи не ја биваше, како и работата во клубот, но и во тимот.

За останатите мечеви од 5.коло нема што многу да се дискутира. Струга Трим Лум и дефинитивно покажува шампионски амбиции. Го совлада Силекс со 2:1 во една тешка битка. И сега има пет од пет.

Работнички во Ѓорче малку недостигаше да дојде до триумф, додека Тиквеш бадијала се “палеше“, Шкендија е за две класи подобар тим.

Исто така убедливи беа и “пандевци“ против Скопје.

ПретходноРоналдо чека повик од Мадрид, Дубравка во Јунајтед, Вилијан и Курзава во Фулам, Геј во Евертон…
СледноПелистер се засили со екс-кошаркар на Работнички!