Кузмановски поштеден на стартот на Бундес-лигата!

120

Филип Кузмановски го пропушти првиот меч од новата сезона во Бундес-лигата. Македонскиот репрезентативец беше поштеден за дуелот со Лајпциг, кој неговиот тим го доби со 25-22.

Кузмановски и уште неколку играчи пред стартот на сезоната беа позитивни на коронавирус, па најверојатно тренерот на Хановер, Прокоп, не сакаше да ги форсира за оваа средба.

Хановер одигра добро во првото полувреме, го доби со 15-10, гостите беа подобри во вториот дел, но немаа сили за пресврт.

ПретходноПелистер се засили со екс-кошаркар на Работнички!
СледноУС Опен: Украинската тенисерка не го предаде својот народ, одби да се ракува (ВИДЕО)