Линекер: Со ова темпо, Халанд ќе ги урне рекордите на Ширер и Кејн

629

Една од легендите на англискиот фудбал, Гери Линекер, по вчерашниот настап на новиот голгетер на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изјави дека со ова темпо, Норвежанецот многу брзо ќе ги урне рекордите во англиската фудбалска елита.

„Ако продолжи со ова темпо Халанд ќе ги собори рекордите на Ширер и Кејн“, напиша ЛИнекер на социјалните мрежи.

Норвежанецот во дресот на англискиот шампион веќе има 9 гола на привите пет настапи во Премиерлигата.

Хари Кејн со Тотенхем стигна до 187 гола кои го однесоа на третото место во историјата на најдобрите стрелци во Премиерлигата, а Ширер е на врвот со 260 гола.

ПретходноУС ОПЕН: Медведев лесно до 3. коло, Серена ја „преслуша“ втората носителка
СледноПроблемот на Барселона кој мора да се реши денеска до полноќ!