По кратка пауза, Недим Мустафица се враќа во македонскиот шампионат, но овој пат во дресот на Пелистер. Босанецот кој лани играше за Работнички и воедно поради финансиска криза во редовите на „црвено-белите“ пред време го заврши својот претстој во Скопје ќе биде новиот странец во Битола.
Мустафица од Работнички каде имаше просек од 15.9 поени и 8.5 скока замина во Искра каде на 12 натпревари забележа 13.7 поени и 8.6 скока.
View this post on Instagram