Спектакл во Келн: Почна со Новицки, заврши со триумф на Германија!

147

Германија, еден од домаќините на Европското првенство 2022 со победа го отвори шампионатот. Во првото коло оваа селекција ја совлада Франција со 63-76 пред преполните трибини во „Ланксес Арена“.

Домашните фанови ужуваа вечерва во спектаклот, кој почна со Дирк Новицки и свечената церемонија по повод повлекување на дресот со бројот 14, а потоа заврши со триумф на Герамнија, која имаше контрола на средбата уште на стартот.

По првото полувреме поведе со 31-38, додека во третата четвртина ја најави победата. Овој период го доби со 19-12, во продолжение не им остави просто на Французите да се вратат.

Тиман со 14 поени ја предводеше Германија, кај Франција Јабуселе имаше 18 поени и 4 скока.

Со оваа средба се комплетираше првото коло во групата Б, во која победи уште забележаа Босна и Словенија.

Претходно Белгија ја совлада Грузија после продолжение со 79-76.

ПретходноЈунајтед во победничка серија, го “прескокна“ и Лестер! (ВИДЕО)
СледноГолема размена во НБА-лига, Мичел ја напушти Јута!