ТИМ И ИГРАЧ НА 5.КОЛО: Галевски го “смрзна“ Чаир

425

Иван Галевски според “Спортмедиа“ го одбележа ова 5.коло. Само што дојде во Прилеп, направи трансфер од Струга ТЛ во Победа, Галевски му го донесе првиот бод на прилепскиот тим и тоа со каков маестрален потег и тоа среде Чаир и тоа против шампионот Шкупи. Едноставно си се прошета низ одбраната на Шкупи а потоа следуваше удар за 1:1.

Покрај Галевски од составот на Победа во тимот на колото се и голманот Тофилоски и стоперот Паноски.

Струга ТЛ го победи Силекс во дербито и сега има пет од пет. Пере како и стрелците Ибраими и Шабани се во тимот на колото. Работнички одигра добро, освои бод во Ѓорче а заслужни за тоа се Велкоски и Исмаили. А. Пандев беше убедлива со Скопје, Митровски беше во главна улога. Шкендија со 3:1 славеше во Кавадарци, Хасани и Дориев беа едни од најзаслужните.

ИГРАЧ НА КОЛОТО
ИВАН ГАЛЕВСКИ
Тим: Победа
Роден: 15.10.1996 во Скопје
Кариера: Еуромилк, Пехчево, Луситано (ПОР), Силекс, Струга ТЛ, Победа

ПретходноОхриѓанецот Осман и Турција со победа против Црна Гора!
СледноДрама во Истанбул: Вооружен напад врз Фудбалската федерација на Турција!!!