УС ОПЕН: Медведев лесно до 3. коло, Серена ја „преслуша“ втората носителка

196

Првиот носител на УС Опен, Русинот Данил Медведев, убедливо се пласираше во третото коло од последниот Грен Слем турнир, откако утрово во три сета со 6:2, 7:5, 6:3 славеше над Французинот Артур Риндернек. Натпреварот траеше 2 часа и 13 минути, со само малку повеќе возбуда во вториот сет, но севкупно Медведев доминираше и обезбеди следно коло без премногу напор.

Следен противник на Русинот ќе биде Кинезот Јибин Ву, кој го совлада Нуњо Борхес со 6:7(3), 7:6(4), 4:6, 6:4, 6:4.

Во следната фаза оди и Енди Мареј. Британецот мораше да направи пресврт против Американецот Емилио Нава откако го загуби првиот сет со 5:7, но до крајот на мечот му препушти само три гема на противникот, совладувајќи го со 6:3, 6:1, 6:0.

Тешка победа оствари и Ник Кирјос. Австралиецот одигра речиси тричасовен меч со Бенџамин Бонзи успевајќи да победи со 7:6(3), 6:4, 4:6, 6:4 и да закаже следна средба со Американецот Џефри Волф.

Кај дфамите, шесткратната победничка на УС Опен, Серена Вилијамс, го продолжува учеството на турнирот, откако оствари тешка победа од 2:1 во сетови над втората носителка Анет Контавеит со 7:6(4), 2:6, 6:2. Натпреварот траеше речиси два и пол часа.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Ашковски го облече дресот на Ламија
СледноЛинекер: Со ова темпо, Халанд ќе ги урне рекордите на Ширер и Кејн