УС Опен: Украинската тенисерка не го предаде својот народ, одби да се ракува (ВИДЕО)

2182

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка се пласираше во 3.коло на УС Опен. Таа беше подобра од Украинката Марта Костјук, ја совлада со 2:0, во сетови 6:2 и 6:3, а мечот траеше час и половина.

За оваа пресметка повеќе се зборуваше за она што се случи на крајот на мечот, отколку за текот на истиот. Украинката по завршување на мечот не се ракуваше со Азаренка, ги искористи рекетот за да им честита.

Добро е познато дека Украинците одбиваат да играат против Руси, а додека не се пријателски настроени ниту кон Белорусите, кои исто така ги сметаат за виновни поради агресијата врз нивната земја.

ПретходноКузмановски поштеден на стартот на Бундес-лигата!
СледноБитолчани го одржаа првиот тренинг „Крешимир Ќосиќ“ (ФОТО)